Еден од нашите најдобри делители на правдата, Јован Качевски од Струга, вчера одбележа еден јубилеј. Имено тој во Кавадарци го судеше 100-тиот натпревар во нашата елитна лига. Секако дека тоа е убава бројка на отсудени мечеви за судијата кој се наоаѓа и на меѓународната листа.
По тој повод и Тиквеш го одбелележа тој јубилеј со подарок дрес кој му беше предаден од страна на претседателот на кавадаречкиот прволигаш, Миле Масларков.
Нема што, убав гест на Тиквеш.