Шпанскиот прволигаш Ваљадолид во текот на денешниот ден и официјално го претстави Македонецот Мартин Карапалевски како свое ново име за следната сезона. Со тоа тој ќе ја зголеми колонијата наши ракометари во АСОБАЛ лигата.
Карапалевки кој моментално е член на Вардар и игра на позицијата среден бек, доаѓа по препорака на Давид Писонеро, кој некогаш беше тренер на Вардар. Тој веќе потпиша двегодишен договор со шпанскиот клуб кој денеска и го претстави на јавноста своето ново име за следната сезона.