Вујовиќ повеќе не е тренер на хрватски Нексе

219

Раководството на хрватскиот тим Нексе и тренерот Веселин Вујовиќ денеска ја прекинаа соработката. Како што истакнаа од Нексе, целта за која Вујо беше доведен во клубот не беше остварена, а саботниот натпревар против Пореч беше капката што ја прели чашата.

„Очигледно шок-терапијата не успеа да го раздрма тимот, прво со отказот на тренерот Бранко Тамше, а потоа и јас не успеав да го разбудам тимот како што знам за ова кратко време. Оваа одлука ја донесов по натпреварот против Пореч, кој моравме да го добиеме и покрај проблемите со повредите, и по кој изјавив дека се срамам и дека повеќе би сакал да исчезнам и мислам дека моралниот чин од моја страна беше да понудам моја оставка. Брзо се согласивме дека ова е најдобрата опција за Нексе во овој момент“, изјавил Вујовиќ.

Тимот и понатаму ќе го води досегашниот помошник тренер Крешо Иванковиќ.

ПретходноСелекторот на Канада е нов тренер на Бруклин
СледноНа 4 кола пред крајот на сезоната: Мулти Есенс е нов младински шампион на Македонија