ГРК Охрид им се извини на фановите кои купија карти, а останаа пред сала!

205

Бројни критики стигнаа на адресата на ГРК Охрид по повод вчерашното дерби во СЦ „Билјанини Извори“ против Пелистер. Тимот кој оваа сезона се издигна, потфрли организациски. Бројни фанови кои купија карти за оваа средба останаа надвор пред сала.

На својата Фејсбук страница од клубот испратија извинување до навивачите.

„На ниту еден натпревар на кој ГРК Охрид бил организатор досега не се јавил организациски проблем, па поради тоа сите Вие симпатизери коишто купивте карта за натпреварот помеѓу ГРК ОХРИД и РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР, а не бевте во можност да го следите истиот во живо во СРЦ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ, клубот длабоко Ви се извинува поради таквиот организациски пропуст.
По претходно укажување на редарските служби и службите при Министерството за внатрешни работи, а и од причина што натпреварот беше прогласен за меч од висок ризик, беше одлучено да се затворат вратите од спортската сала на половина час пред почеток на натпреварот.
Ве известуваме дека за преостанатите два натпревари од плеј-офот кои ГРК ОХРИД ќе ги одигра како домаќин против екипите на РК Пролет и ГРК Тиквеш, влезот ќе биде слободен за сите навивачи и симпатизери на ГРК Охрид.
ОХРИДЕ, Ви благодариме на Вашата поддршка во текот на целата сезона“, се вели во соопштението. 

ПретходноКМФ Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал
СледноЃоковиќ со една изјава ги воодушеви фановите на Реал