Лос Анџелес Клиперс рутински и убедливо го победи Далас со 109:97 во првиот натпревар од плеј-оф серијата од првото коло. Иако најдобриот играч Кавaj Ленард не настапи за домашниот тим поради повреда, Клиперс без проблем го реши „мекиот“ Далас.
Џејмс Харден до полувремето постигна 20 поени, Далас цело време беше во двоцифрена негатива, а не помогна ниту Кајри Ирвинг 31 поен, а Лука Дончиќ 33. Проблемот за тимот на Џејсон Кид беше на спротивната половина каде тимот од ЛА секогаш имаше подготвено решение.
Во победничкиот тим Харден блескаше со 28 поени, Пол Џорџ додаде 22, Ивица Зубац 20.
Милвоки славеше против Индијана со 109-94 и поведе со 1-0, Оклахома славеше против Њу Орлеанс со 94-92, и исто поведе со 1-0.