Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Барселона со 3:2 во Ел Класико. Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го следеше најголемиот натпревар на шпанскиот фудбал во друштво на својот татко и сестра, а до нив седна поранешниот српски кошаркар и прв човек на Евролигата Дејан Бодирога.
На социјалните мрежи кружи видео на кое Надал и неговото семејство се радуваат на голот на Белингем во судиското надополнување на времето за победа на Реал. Бодирога не стана да го поздрави победничкиот гол, но на неговото лице се гледаше неверување и восхит.
Бодирога во текот на кариерата го носеше дресот на двата тима, а со Барса го освои и трофејот во Евролигата.
На натпреварот беа и најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, најодликуваниот играч во американскиот фудбал Том Брејди и познатиот холивудски актер Енди Гарсија.
🤍 @RafaelNadal celebra por todo lo alto el gol de @BellinghamJude que daba la victoria al @RealMadrid contra el @FCBarcelona
📻 #PartidazoCOPE pic.twitter.com/v66DJXEt49
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) April 21, 2024