РК Вардар го промовираше Томче Стојановски!

355

По седум години Томче Стојановски (25) одново во дресот на својот матичен клуб, РК Вардар. Денеска раководството на некогашниот европски првак се пофали со своето засилување за следната сезона. Стојановски е само еден од оние ракометари со кои Вардар сака да го засили својот ростер.

Инаку тој игра на бековската позиција и важи за еден од најдобрите дефанзивни играчи во нашата ракометна Суперлига. Во изминатиот период тој беше дел од тимот на РК Бутел.

ПретходноПресврт: Чави останува на клупата на Барса?!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 28.КОЛО: Спахиу блеска, Тиквеш блеска