Тиаго Силва ја игра последната сезона со Челзи.
Според инсајдерот Фабрицио Романо, Бразилецот ќе го напушти тимот како слободен играч на лето. Одлуката е веќе донесена.
Дефанзивецот одби голем број понуди во текот на зимата за да им помогне на лондончани до крајот од сезоната. 39-годишниот фудбалер е интересен за Флуминенсе. Во исто време, Силва најавил дека прво ќе ги разгледа сите опции, пред да донесе финална одлука.