ТИМ И ИГРАЧ НА 28.КОЛО: Спахиу блеска, Тиквеш блеска

583

Кога ќе се победи една Шкендија, и тоа со стил, а ти си играч на мечот, тогаш нормално е да си играч на колото. Секако дека тука мислиме на Едиз Спахиу, напаѓачот на Тиквеш кој вчера одново блескаше, како и неговиот Тиквеш, беше стрелец на првиот гол за кавадарчани, со кој ја “отвори“ Шкендија.

Покрај него во тимот на колото од Тиквеш е и Малески, стрелецот на вториот гол за победничкиот тим. Во тимот на колото според “СпортСпорт“ се и Захов, Илиески и Аќимовиќ од Воска, потоа Рашид, Регба и Гандо од Работнички, како и Незири и Ибраими од Струга ТЛ, и Трајков од Брера.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ЕДИЗ СПАХИУ

Тим: Тиквеш

Роден: 18 март 2001 во Гостивар

Кариера: Шкендија, Гостивар, Тиквеш

ПретходноРК Вардар го промовираше Томче Стојановски!
СледноБаскет Кам го освои трофејот во Балканската лига