Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години со три порази го заврши меѓународниот Уефа развоен турнир што се одржа во Босна и Херцеговина.
Нашите млади фудбалерки одиграа три натпревари, а за противници ги имаат селекциите на Словенија, Украина и домаќинот, БиХ.
Во првото коло од развојниот турнир бевме поразени од домаќинот со 2:0.
Во второто коло загубивме со 4:0 oд Украина, а во последното коло од Словенија со 2:1.
Стрелец на единствениот погодог на овој меѓународен турнир беше Меланија Грозданова.