У-16: Македонија со три порази на развојниот турнир во БиХ!

177

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години со три порази го заврши  меѓународниот Уефа развоен турнир што се одржа во Босна и Херцеговина.

Нашите млади фудбалерки одиграа три натпревари, а за противници ги имаат селекциите на Словенија, Украина и домаќинот, БиХ.

Во првото коло од развојниот турнир бевме поразени од домаќинот со 2:0.

Во второто коло загубивме со 4:0 oд Украина, а во последното коло од Словенија со 2:1.

Стрелец на единствениот погодог на овој меѓународен турнир беше Меланија Грозданова.

ПретходноПМФЛ – жени: Каменица Саса броеше до 7!
СледноСелекторот на Канада е нов тренер на Бруклин