Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Барселона со 3:2 и ја запечатија титулата во Ла Лига, но Чави Хернандез смета дека неговиот тим бил ограбен. Имаше неколку сомнителни ситуации. Во првото полувреме кога топката ја помина линијата пред да реагира Лунин, но во ВАР собата заклучија дека не било така.
„Многу сум разочаран. Ако сакаме да кажеме дека ова е најдобрата лига во светот… Сите видоа дека топката отиде во голот. Ова е само дел од тој систем и судење за кои зборував на почетокот. Судијата донесе погрешни одлуки, сите видоа што се случи, ќе ме казнат.
Она што е особено неверојатно е што на почетокот не сакаа да имплементираат гол технологија во Ла Лига, но затоа имаат 16 камери кои го снимија овој натпревар. И покрај сето тоа, во оваа ситуација не беа прикажани сите агли, но снимката потоа се појави на социјалните мрежи, па погледнете и проценете сами“, рече Чави на пре-конференцијата алудирајќи дека не се земени вистинските агли за сомнителна ситуација.
🚨EL BALÓN REBASÓ POR COMPLETO LA LÍNEA DE GOL‼️ pic.twitter.com/ZzCUTzsEmw
— Zona Blaugrana (@Zona_Blaugrana) April 22, 2024