Ѓоковиќ по петтипат ја доби наградата „Лауреус“ за спортист на годината!

313

По петтипат, наградата Лауреус за светски спортист на годината припадна на тенисерот Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер кој ја одбележа и минатата сезона на тениски план повторно го крена признанието во свои раце, додека во женска конкуренција истото признание отиде во рацете на играчот од средниот ред на фудбалската репрезентација на Шпанија и на екипата на Барселона, Аитана Бонмати.

Со овапризнани Новак се израмни со Роџер Федерер кој досега беше апсолутен рекордер. Наградата му ја врачи Том Брејди, легенда на НФЛ и голем пријател на Новак.

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ја освои наградата „Лауреус“ за спортски напредок на годината за 2024 година. 20-годишниот фудбалер стана клучен играч за Реал по неговиот трансфер од Борусија Дортмунд за 89 милиони фунти минатото лето.

Ова се сите освојувачи на годинешната „Лауреус“ награда:

Спортист на годината: Новак Ѓоковиќ

Спортистка на годината: Аитана Бонмати

Тим на годината: женска фудбалска репрезентација на Шпанија

Напредок на годината: Џуд Белингем

Камбек на годината: Симон Билс (гимнастика)

Спортист на годината со попреченост: Диде де Грот (тенис)

ПретходноШампионот Струмица го возврати ударот и поведе во финалната серија
СледноФ1 наскоро со две нови трки во Азија?