Јокиќ, Дончиќ и уште едно име во тесниот избор за МВП признанието!

205

Никола Јокиќ (Денвер), Лука Дончиќ (Далас) и Шеј Гилџес-Александер (Оклахома) се тројцата кандидати за освојување на МВП титулата во НБА-лига за регуларниот дел од сезоната.

Ако Јокиќ стигне го МВП наградата ќе стане деветти играч во историјата со три или повеќе вакви признанија, по Карим Абдул-Џабар, Мајкл Џордан, Бил Расел, Вилт Чембрлен, Леброн Џејмс, Мозес Мелоун, Лери Бирд и Меџик Џонсон.

Од другата страна пак доколку ова признание отиде во рацете на Дончиќ или Шеј Гилџес Алкесандер, тоа ќе биде прво за нив.

Покрај кандидатите за најкорисен играч на сезоната, НБА ги објави имињата на кандидатите во уште шест категории.

Во категоријата дебитант на годината се: Виктор Вембанјама од Сан Антонио, Чет Холмгрен од Оклахома и Брендон Милер од Шарлот. За најдобар дефанзивец, во комбинација се Бем Адебајо од Мајами, Руди Гобер од Минесота и Вембанјама. Во категоријата играч со најголем напредок се најдоа: Тајрис Макси од Филаделфија, Алперен Шенѓун од Хјустон и Коби Вајт од Чикаго.

Кандидати за најдобар шести играч се Малик Монк од Сакраменто, Боби Портис од Милвоки и Наз Рид од Минесота.

За тренер на годината ќе конкурираат Марк Дегнолт од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.

ПретходноДончиќ и Далас без решение за Клиперси (ВИДЕО)
СледноОфицијално: МЗТ Скопје ќе го пречека Спартак во сабота!