И покрај тоа што во неколку наврати истакна дека нема да го промени мислењето, и покрај тоа што веќе нема шанси ниту една титула да освои сезонава, а и го загуби “Ел Класико“ синиоќа, сепак последните вести од Шпанија велат дека големи се шансите Чави Ернандез и натаму да седи на клупата на Барселона.
Договорено е во текот на оваа недела да има разговор со Хоан Лапорта, на кој би се решило и дефинитивно што и како понатаму.
Инаку се истакнува дека Чави барал и гаранции дека тимот ќе се засили со неколку квалитетни засилувања, тоа бил главниот услов тој да остане во Барса, како тренер.