Тиаго Силва ја игра последната сезона во Челзи, на лето се враќа дома

248

Тиаго Силва ја игра последната сезона со Челзи.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, Бразилецот ќе го напушти тимот како слободен играч на лето. Одлуката е веќе донесена.

Дефанзивецот одби голем број понуди во текот на зимата за да им помогне на лондончани до крајот од сезоната. 39-годишниот фудбалер е интересен за Флуминенсе. Во исто време, Силва најавил дека прво ќе ги разгледа сите опции, пред да донесе финална одлука.

ПретходноИнтер го победи Милан и на пет кола пред крајот на сезоната го освои Скудетото
СледноМилвоки уште две недели без Јанис?