Голем хендикеп за Вардар. Имено еден од најдобрите играчи во тимот, Лемос Матеус има повреда на предните вкрстени лигаменти на десната нога, заработена на последниот меч со Воска. Ова значи дека стратегот Горазд Михаилов ќе мора без играчот за врска од Бразил во последните пет кола во кои ќе се решава судбината на Вардар во поглед на опстанокот во ПМФЛ.
Секако дека ова е лоша, крајно лоша вест за сите во таборот на нашиот најтрофеен клуб. Како што рековме Лемос е важна алка во составот на Вардар.
Инаку се играше 18.минута во неделата на Маџари кога дојде до повредата, па Бразилецот мораше да биде заменет со Шушњара.