Ливерпул ќе извиси: Аморим вчера бил во Лондон, но на преговори со Вест Хем

192

Актуелниот тренер на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим одби да даде детали за неговото патување во Лондон, каде според пишувањата на англиските медиуми тој треба да почне преговори со претставниците на Вест Хем.

Аморим (39) долета во англискиот главен град во понеделникот наутро, и според информациите, португалскиот менаџер веќе се сретнал се состанал со шефовите на „чеканите“ за да разговараат за замена на Дејвид Мојс, чиј договор завршува ова лето. И покрај тоа што Аморим беше силно поврзан со преземање на клупата на Ливерпул, по се изгледа тој е многу поблиску до преземање на Вест Хем.

Сепак, англиските медиуми велат дека Аморим кој помина шест часа во Лондон, можно е да се сретнал и со преставници на „црвените, бидејќи во Лондон и Ливерпул има своја канцеларија.

ПретходноДве први и едно второ место за младинците на БП во билијард
СледноОбјавен разговорот на судиите за спорниот гол на „Ел Класико“: Немаме докази дека топката ја мина гол-линијата