Претстојниот викенд сите мечеви од 29.коло во ПМФЛ се играат во недела (28 април) и покрај тоа што веќе во среда (1 мај) се играат средбите од 30.коло во нашата елитна лига.
Тоа значи дека оваа сабота нема да гледаме прволигашки фудбал, сите средби се играат во недела од 16 часот.
Да потсетиме на двојките за ова 29.коло: Брера – Вардар, Воска – Брегалница, Работнички – Македонија ЃП, Струга ТЛ – Силекс, Шкупи – Тиквеш и Шкендија – Гостивар.
Од друга страна сите мечеви од 26.коло во ВМФЛ се играат в сабота со почеток од 16 часот.