Селекторот на фудбалската репрезнетација на Австрија, Ралф Рангник, е новиот фаворит за тренерското место во Баерн Минхен, тврди „ТЦ“, кој е близок до Баварците.
Според информациите на медиумот, Рангник ќе го преземе тимот по завршувањето на Евро 2024, доколку ја прифати понудата на раководството на Баварците.
Можно е оваа недела двете страни да постигнат договор, зато ашто ќе имаат нови меѓусебни преговори. Спортскиот директор Макс Еберл во текот на викендот изјави дека потрагата по нов тренер е во завршна фаза.
Баварците бараат тренер кој ќе го замени Томас Тухел во новата сезона. Откако отпадна идејата да го донесат Чаби Алонсо од Баер (Л), сега фаворит за функцијата е 65-годишниот Рангник. Разговорите меѓу двете страни започнале пред околу еден месец.