Некогашниот тренер на тимот на Шкендија, албанскиот стратег Ернест Ѓока денеска ќе биде промовиран како нов тренер на екипата на Шкупи. По смената на Младен Жижовиќ, Ѓока доаѓа на Чаир да го гаси пожарот.
Тој за главна задача ќе има да го остави Шкупи во битката за титулата до крајот на шампионатот. Тимот од Чаир има само една победа во последните пет натпревари, беше елиминиран од Купот на Македонија од Тиквеш.
Ѓока беше дел од Шкендија во периодот од 2019 до 2021 година.