18 судии од Европа и судиска четворка од Аргентина ќе делат правда на Евро 2024

107

Осумнаесет судии со знак на УЕФА и судиски тим од Аргентина се делегирани да ги судат натпреварите на претстојното Европско пренство во Германија, потврди Европската фудбалска централа.

Судискиот комитет на УЕФА објави 18 судии, нивните асистенти и официјални лица од ВАР собите кои ќе бидат задолжени за судење на вкупно 51 натпревар на УЕФА Евро 2024 година. На листата се најдоа: Артур Соарес Диас (Португалија), Хесус Хил Манзано (Шпанија), Марко Гуида (Италија), Иштван Ковач ( Романија), Иван Кружлиак (Словачка), Франсоа Летесие (Франција), Дани Макиеле (Холандија), Шимон Марчинјак (Полска), Мајкл Оливер (Англија), Даниеле Орсато (Италија), Сандро Шерер (Швајцарија), Даниел Зиберт (Германија), Ентони Тејлор (Англија), Клемент Турпин (Франција), Славко Винчиќ (Словенија), Феликс Цвајер (Германија), Хамит Умут Мелер (Турција) и Глен Ниберг (Шведска).

Дополнително, како дел од соработката меѓу УЕФА и Јужноамериканската фудбалска конфедерација КОНМЕБОЛ, судијата од Аргентина, Факундо Тељо, заедно со неговите двајца помошници, ќе и се приклучат на европската судиска група во Германија.

ПретходноРомано: Пиоли е минато за Милан, новиот тренер доаѓа од Бетис
СледноШкупи денеска ќе го промовира Ѓока