Лоша вест за „триколорите“: Коман го пропушта Евро 2024!

90

Kрилниот напаѓач на Баерн (M), Кингсли Коман, кој посериозно се повреди на мечот со Келн пред некое коло, ќе мора да паузира уште најмалку два месеци, што значи дека ќе го пропушти претстојното ЕП во Германија.

Последната магнетна резонанца утврди дека закрепнувањето ќе трае подолго од очекуваното, а од самиот почеток беше јасно дека сезоната за него е завршена, но имаше индикации дека ќе се опорави за ЕП, со оглед на тоа што селекторот на триколорите, Дидие Дешам изјави дека до последно ќе смета на него за ова големо натпреварување.

Франција воведниот натпревар на Евро 2024 ќе го одигра против Австрија во Дизелдорф, па тешко дека ќе може да смета на Коман.

ПретходноНекогашен НБА првак на листата на желби на Обрадовиќ
СледноКуп на Македонија: Во четврток ќе бидат познати полуфиналните двојки!