Милвоки уште две недели без Јанис?

42

Ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, бнајрано за две недели би можел да се врати на паркетот во дресот на својот тим во плеј-оф разигрувањето, потврдува инсајдерот Чаранија. Тој објави дека Јанис тренира, но нема шанси брзо да се врати на средбите со Индијана во првата рунда од плеј-офот.

„Јанис тренира, но само шутеви од место. Сè уште не може да скокне со полна сила. Лекарскиот тим смета дека тој сигурно ќе пропушти неколку натпревари од серијата против Индијана. Закрепнувањето требаше да трае 2-4 недели. Првите две недели завршуваат денеска, што значи дека неговото враќање се очекува за недела или две. Колку подалеку одатм Бакси, толку поздрав Јанис може да се врати во игра“, рече Чаранија .

Бакси го добија првиот натпревар против Пејсерс со 109:94.

ПретходноТиаго Силва ја игра последната сезона во Челзи, на лето се враќа дома
СледноЈокиќ и Мареј и вторпат ги „преслушаа“ Лејкерс, победи и за Њујорк и Кливленд