Серж Ибака (34) од следната сезона би можел да го носи дресот на Партизан. Неговиот договор со Баерн Минхен истекува на лето и според италијанскиот новинат, Матео Андреани тој се нашол на списокот на желби на Жељко Обрадовиќ.
Serge Ibaka.
FC Bayern Munich wants to resign him. Contract expiring at the end of the season.
Partizan Belgrade looking at the situation, I’m told. Zeljko Obradovic likes him.#Basketball #Baloncesto #Transfers #EuroLeague #Bayern #Partizan #Партизан #FCBayern #Bundesliga pic.twitter.com/N4fRxUJneR— Matteo Andreani (@matty_vanpersie) April 23, 2024
Ова е прва сезона за Ибаки во Евролигата, но не и прва во Европа. Кариерата ја започна во родното Конго, а потоа во сезоната 2008/09 играше во шпанска Манреса и оттаму замина во НБА, каде беше избран за 24-ти пик од Сиетл, кој по згаснувањето стана Оклахома. Тој играше за Тандер од 2009 до 2016 година и беше дел од тимот со Кевин Дурент, Расел Вестбрук и Џејмс Харден. Потоа играше за Орландо, Торонто, Клиперс и Милвоки. Со Репторс ја освои и титулата во НБА.
Кога станува збор за репрезентацијата, тој ги бранеше боите на Шпанија и со нив има злато од ЕП во 2011 година и сребро од Олимписките игри во Лондон во 2012 година.