Следната недела се играат првите полуфинални мечеви во Лигата на Шампионите. Секако дека во преден план е двомечот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид. И кога сме кај овој двомеч треба да се каже дека има фрапантна разлика во однос на цената на билетите.
Имено најефтиниот биле на “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид чини 125 евра, а има и за 170 и 445 евра. Секако дека места во ложите нема.
Најавени се околу 3.000 фанови на Баерн кои ќе дојдат во Мадрид и тие ќе платат по 70 евра, оваа цена ја одреди УЕФА.
Инаку за мечот на “Алијанц Арената“ во Минхен за мечот Баерн – Реал, цените се многу пониски, па така најефтиниот билет чини само 70 евра што е двојно помалку во однос на оној во Мадрид.
Некој ќе рече дека сепак да влезеш на “Сантијаго Бернабеу“ е нешто посебно…