Неверојатно, нестварно. Па, зарем е можно? Руоју Кобајаши на специјално направената скокалница или леталница го урна светскиот рекорд во скијачки скокови. Тој успеа да скокне неверојатни 291 метри што е за 37,5 метри повеќе од стариот.
Секако дека ова е неофицијален рекорд ако се знае дека скоковите на Кобајаши на Исланд беа од неофицијален карактер.
„Долго време сонував за еден ваков скок, отсекогаш сакав што подолго да летам и да поместувам граници“ изјави Кобајаши по денешниот скок од блиску 300 метри.
𝟐𝟗𝟏 𝐌𝐄𝐓𝐑𝐎́𝐖 ❗️
Ryoyu Kobayashi udowodnił, że niemożliwe nie istnieje ❗️#skijumpingfamily pic.twitter.com/Or7frTerSh
— Eurosport Polska (@Eurosport_PL) April 24, 2024