Легендарен играч станува генерален директор на Дортмунд

511

Борусија Дортмунд објави дека на местото спортски директор доаѓа поранешниот играч на овој клуб, Ларс Рикен. 47-годишниот Рикен досега работеше во младинскиот сектор на клубот, а од 1 мај ќе ја обавува функцијата генерален директор во секторот спорт која ќе биде испразнета поради заминвањето на Ханс Јоаким Вацке. Вацке нема да го напушти клубот туку ќе работи односи со јавност и човечки ресурси пред да се пензионира во 2025 година.
Директорите Томас Трес и Карстен Крамер веќе ги продолжија договорите до 30 јуни 2027 година.
Улогата спортски директор ќе продолжи да ја обавува Себастијан Кел, уште една играчка легенда на клубот.
После 1 мај се очекува Свен Мислинтат ќе почне да работи како технички директор со фокус на планирање на развој на екипата во наредните сезони, во соработка со Рикен и Кел.

ПретходноЛегендарниот Хиршер му се враќа на скијањето под знамето на друга држава
СледноПознати се саатниците за натпреварите на ЕП – Македонија два пати од 20:30 часот