Познати се саатниците за натпреварите на ЕП – Македонија два пати од 20:30 часот

186

Женската репрезентација на Македонија ќе игра на Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија. Нашите ракометарки се во групата А заедно со домаќинот Унгарија, потоа Турција и Шведска. Познати се и термините за натпреварите.
Домаќинот Унгарија за своите дуели го избра терминот од 18:00 часот што значи дека Македонија мечот со домаќинот ќе го игра во споменатиот термин, а другите два од 20:30 часот.
Инаку првиот дуел ни е на 28 ноември против Шведска (20:30 ч.), вториот против Турција на 30 ноември во исторо време, а третиот меч е против Унгарија на 2 декември (18:00 ч.).
Сите натпревари ќе се играат во салата „Феникс арена“ во Дебрецин.

ПретходноЛегендарен играч станува генерален директор на Дортмунд
СледноТебас вели не е потребно гол-технологија во шпанскиот фудбал: Не се исплати…