Јокохама предводена од Хари Кјуел стигна до финалето на азиската ЛШ

99

Јокохама Маринос од Јапонија се пласира во финалето на азиската Лига на шампиони откако го елиминира Улсан од Јужна Кореја. Јапонскиот тим предводен од поранешниот играч на Ливерпул и легендарен австралиски репрезентативец, Хари Кјуел првиот меч го загуби со 1:0, а на реваншот водеше со 3:0 по првите 30 минути, меѓутоа фудбалерите на Улсан постигнаа два гола и се изборија за продолженија и потоа пенали.
А во пенал рулетот Јокохама беше подобра со 5:4.
Ова е најголем успех на Јокохама во својата историја, претходно најдалеку стигнуваше до осминафиналето. За трофејот Јокохама ќе се бори против Ал Аин од ОАЕ кој во второто полуфинале го елиминира Ал Хилал од Саудиска Арабија.

ПретходноБастони: За Интер би се фрлил и во оган
СледноПорака до ФСС: Партизан со специјални маички истрчува на “Маракана“!