Легендарниот Хиршер му се враќа на скијањето под знамето на друга држава

273

Еден од најдобрите алпски скијачи, Марсел Хиршер се враќа, а изненадување е неговата одлука место за Австрија да настапува за државата на својата мајка Холандија.
Хиршер е роден во Австрија, а има двојно државјанство поради тоа што мајка му е Холанѓанка. Во кариерата настапуваше за Австрија.
„Сакам повторно да се натпреварувам бидејќи го сакам скијањето. Новиот проект е да бидам најдобар Холанѓанец“, изјави 35-годишниот скијач.
Хиршер се пензионираше во 2019 година како најуспешен австриски скијач, со осум титули од Светскиот куп, како и седум златни медали од Светските првенства и две олимписки злата.
„Жалиме што ќе го изгубиме Хиршер. Ја почитуваме неговата одлука да настапува за Холандската федерација. Неговиот допринос за австриското скијање е огромно“, соопштија од Австриската скијачка федерација.
Хиршер би требало да се врати за сезоната 2024/25.

ПретходноКапитенот го напушта Атлетик по 15 години служба
СледноЛегендарен играч станува генерален директор на Дортмунд