Од рекорд до рекорд: Димитријевиќ со нов блескав момент во ВТБ-лигата

378

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ со својот Уникс Казан ја добија првата четвртфинална пресметка против Самара во рамките на плеј-офот во ВТБ-лигата, на домашен терен славеа со убедливи 83-73.

И на оваа средба македонскиот репрезентативец се најде во центарот на вниманието. Тој постигна 11 поени и запиша 15 асистенции. Со вкупниот број на поделени топки, тој запиша нов личен рекорд. И не е само ова, Димитријевиќ стигна до бројката од 500 асистенции во ВТБ-лигата.

Втората средба меѓу Уникс Казан и Самара се игра веќе утре.

ПретходноДе Јонг се збогува со Барса, позната е сумата за која може да си оди?
СледноПокетино: Срамота? Тоа не е вистинскиот збор!