Баерн плаќа 3 милиони за Рангник и му нуди договор до 2027 година!

391

Баерн Минхен е во потрага по наследник на Томас Тухел кој заминува по завршување на сезоната. Според „Билд“, Баерн го пикирал селекторот на Австрија, Ралф Рангник како наследник на Тухел.
Претходно Рангник изјави дека сака да продолжи да работи со австрискиот национален тим, но Баерн е упорен и сака да го донесе во своите редови. Рангник претходно се докажа успешен работејќи во РБ Лајпциг, но не беше успешен како в.д. менаџер на Манчестер Јунајтед.
Но стана селектор на Австрија и ја однесе на ЕП во Германија. Баерн му нуди на Рангник договор до 2026 или 2027 година. Плус „баварците“ ќе платат компензација меѓу два и три милиони евра за Австрија да го ослободи од селекторската функција.

ПретходноГо нарече судијата идиот, па го суспендираа пет натпревари
СледноВардар го совлада ФМП и избори опстанок во Првата лига