Вардар и Е. Пелистер се избегнаа во полуфиналето на Купот

107

Денеска со ждрепка во просториите на РФМ беа одредени двојките за натпреварите во полуфиналната рунда на Ф4 турнирот во Куп на Македонија во машка и женска конкуренција.

Двата најголеми ривали, Вардар и Е. Пелистер ќе можат да играат во големото финале, затоа што среќата сакаше да се избегнат во полуфиналната разврска. Вардар на пат до финалето за противник го доби Алкалоид, додека Е. Пелистер ќе игра со екипата на Тиквеш.

Кај дамите, Куманово ќе се сретне со шампионот Ѓорче Петров, додека во второто полуфинале ќе играат Вардар и Чаир.

Натпреварите од Ф4 турнирот ќе се играат во Скопје, во салата „Борис Трајковски“ во период од 17-19 мај.

ПретходноМакрон потврди: На ЛОИ во Париз ќе се плива во реката Сена
СледноНевидени сцени во Црна Гора: Во ВИП ложата тепачка на управите на двата клупа (ВИДЕО)