Канаѓаните добија „корпа“ од Мурињо и од Лампард, сега го канат Солскјер

449

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер добил понуда да биде селектор на фудбалската репрезентација на Канада. Последна работа на Солкјер беше менаџерската во Манчестер Јунајтед, од каде беше отпуштен во октомври 2021 година. Од тогаш 51-годишниот тренер имаше неколку понуди но ги откажа.

Канаѓаните бараа големо тренерско име кои ќе ги води во наредните години посебно на СП 2026 на кое Канада е еден од домаќините на Мундијалот заедно со САД и Мексико. Солскјер како тренер на Молде освои две шампионски титули во Норвешка, а со Јунајтед беше полуфиналист во ЛЕ во 2020/21.

Канаѓаните претходно биле одбиени од Жозе Мурињо и од Франк Лампард. Ако Солскјер ги одбие, тогаш тие ќе се свртат кон Џеси Марш, американскиот тренер кој во сезоната 2022/23 работеше во Лидс, претходно во РБ Салцбург, Њујорк Ред Булс и како асистент во фудбалската репрезентација на САД.
Тој со Салцбург два пати ја освои австриската Бундес лига.

Претходно„Да не беше Морати, во Кина можеби немаше да знаат за Интер“
СледноШампионска титула за Струмица 47&72