Екипата на Рома славеше победа на гостувањето кај Удинезе со 1:2 во рамките на италијанската Серија А. Домашните поведоа со гол на Переира во 23 минута, а римјаните го свртеја резултатот во своја полза во вториот дел.
Ромелу Лукаку изедначи во 64 минута на асистенција на Кристанте. А токму Кристанте погоди во 95 минута за победа на Рома и продолжување на одличните резултати под водство на Даниеле Де Роси.
Рома е на петтото место на табелата со 58 бода, четири помалку од четвртопласираната Болоња, односно шест помалку од третиот Јувентус.
Идното коло Рома ќе му гостува на Наполи, потоа го чека дуел со Баер Леверкузен во Лига Европа.
Удинезе има три порази по ред и е на 17 позиција, исто бодови со првиот под опасната зона Фросиноне.