Само во Колумбија: Од трибините фрлија нож во грбот на противнички фудбалер (ВИДЕО)

139

Фудбалерот на колумбиски Атлетико Национал, Пабло Сепелини доживеа непријатна сцена на мечот со Индепендиенте од Меделин, кога кон него беше фрлен нож од трибините.

Инцидентот се случи при еден корнер кој требаше да го изведе Сепелини. Од трибините беше фрлен нож директно кон Уругваецот. Помошникот судија, кој стоеше на само неколку метри, можеше да му пружи лекарска помош на Сепелини, при што судијата го прекина натпреварот на неколку минути.

За среќа, Сепелин избегна повреда, дури и од многуте други предмети кои продолжија да летуваат во негова насока додека лежеше на теренот.

„Имам грутка и малку крв. Малку ме боли, но не беше доволно сериозно. Кога дојдов во соблекувалната, ми рекоа дека се работи за нож, а кога ја спуштив главата видов еден куп монети, шишиња. Оставам на колумбиската фудбалска федерација и на властите да преземат акција противс торителите“, рече уругвајскиот интернационалец.

Градското дерби на Меделин заврши нерешено – 2:2.

ПретходноНевидени сцени во Црна Гора: Во ВИП ложата тепачка на управите на двата клупа (ВИДЕО)
СледноЧелзи ќе мора без Енцо Фернандез до крајот на сезоната!