Денеска со ждрепка во просториите на РФМ беа одредени двојките за натпреварите во полуфиналната рунда на Ф4 турнирот во Куп на Македонија во машка и женска конкуренција.
Двата најголеми ривали, Вардар и Е. Пелистер ќе можат да играат во големото финале, затоа што среќата сакаше да се избегнат во полуфиналната разврска. Вардар на пат до финалето за противник го доби Алкалоид, додека Е. Пелистер ќе игра со екипата на Тиквеш.
Кај дамите, Куманово ќе се сретне со шампионот Ѓорче Петров, додека во второто полуфинале ќе играат Вардар и Чаир.
Натпреварите од Ф4 турнирот ќе се играат во Скопје, во салата „Борис Трајковски“ во период од 17-19 мај.