Лапорта се расплака на пресот: Навивачи, бидете горди! (ФОТО+ВИДЕО)

430

Оваа сезона е завршена за Барселона. Гигантот од Каталонија нема по добро да ја памети, но сепак раководството на клубот на чело со Хоан Лапорта направи се само за да тренерот Чави Ернандез остане во Барселона.

Тоа беше денеска објавено и официјално на прес конеференција, а самиот Лапорта беше премногу емотивен, па дури во еден момент и се расплака:

Уште еднаш ми е потврдено она што го знаев и порано. А тоа е дека за тренер имаме неверојатна личност, чувство кој секој член на Барселона го има и треба да го има. Зрачи со ентузијазам, самодоверба, тоа е Чави. Навивачите на Барса треба да бидат горди со тренерот кој го имаат“ рече покрај другото емотивниот Лапорта.

Image

ПретходноВан Дајк за можниот стратег на Ливерпул: Арне Слот е еден од најдобрите холандски тренери!
СледноФановите на КК Партизан во еуфорија: Се спрема трансфер “бомба“!