Ѓоргиев ја одбрани титулата шампион на Словенија со АЦХ Волеј

183

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев заедно со екипата на АЦХ Волеј ја освои титулата во словенечкиот одбојкарски шампионат. Синоќа  во Љубљана, АЦХ Волеј славеше над Калцит Волеј во третиот финален натпревар од националниот шампионат на Словенија и по 20. пат ја освои титулата.

Третиот меч траеше речиси два и пол часа, а љубљанци го добија со 3:2 во сетови, откако петтиот го добија со 15:12.

Ова е прв трофеј за АЦХ Волеј сезонава, додека Калцит претходно ја освои Централната европска лига и домашниот куп. Ова беше трета последователна титула на тимот на Ѓоргиев во словенечкиот шампионат.

ПретходноКога влегувате во Леверкузен: Добредојдовте во градот на Алонсо! (ФОТО)
СледноКарагер: Салах не личи на себе!