„Јокиќ е гениј – ја прави играта полесна“

254

Ерон Гордон блесна во третиот натпревар и воедно победа на Денвер над Лос Анџелес Лејкерс. Силниот и експлозивен крилен центар забележа личен рекорд во плејофот со 29 поени и 15 скока. Гордон заврши како водечки стрелец на тимот.

„Играм со многу добри соиграчи. Јокиќ, Мареј, Поуп и Портер привлекуваат толку големо внимание во нападот што ќе ве намачат ако не ја направите вистинската дефанзивна реакција. На мене е да работам на фронтот и да „исчистам ѓубрето“, рече изјави Гордон по натпреварот.

Потоа беше побарано да ги коментира комплиментите на Никола Јокиќ за неговиот напредок во разбирањето и размислувањето во текот на играта.

“Тоа ја прави играта полесна. Јокиќ е кошаркарски гениј. Гениј кој случајно игра кошарка. Тоа ја прави играта многу полесна, работите почнуваат да се отвораат пред вас, гледате неколку потези однапред и станува полесно да се игра. “, рече Гордон.

ПретходноЗа првпат во историјата – комплетно женски судиски тим на меч од Серија А
СледноПројковска ќе го суди реванш полуфиналето во ЛШ меѓу ПСЖ и Лион