Екипата на ЖРК Вардар го освои победничкиот пехар во кадетската лига оваа сезона. На последниот натпревар „црвено-црните“ славеа против Чаир со убедливи 37-21, доволно за потврда на првото место.
Ракометарките на ЖРК Вардар сезоната ја завршија доминантно, без пораз, имаат 12 победи и две ремија.
Второто место во оваа конкуренција и припадна на Стружанка, додека пак трет е тимот на Ѓорче Петров.