Уште една добра партија на нашиот репрезентативец Тихомир Костадинов за својот Пјаст. Имено попладнево во меч од 30.коло во елитната лига Полска, Пјаст со 2:0 успеа да слави над Варта Познањ. Костадинов беше стартер, а во 43.минута Македонецоит убаво му асистираше на стрелецот на голот Вилчек за 1:0. Во 83.минута Македонецот го напушти теренот, а во 89.минута Томашиевич ги постави конечните 2:0.
Се разбира дека ова се добри вести за селекторот Милевски. Имено од Костадинов кој долго време беше надвор од репрезентацијата поради повреда, се очекува да биде еден од клучните играчи во линијата за врска во наредниот период.
🇵🇱 Goal: Kamil Wilczek | Piast Gliwice 1-0 Warta Poznańpic.twitter.com/dXsWsNdrEQ
— FootColic ⚽️ (@FootColic) April 26, 2024