Иако со Влазнија се бореше за титулата во шампионатот на Албанија, сепак Ќатип Османи, еден од нашите најтрофејни тренери, легендарен тренер на Шкендија,доби отказ од раководството на клубот од Скадар. По се изгледа дека елиминицијата во Купот беше пресудна.
Дека и самиот Ќато е изненаден од оваа одлука на Влазнија, тој самот истакна:
“Со жалење сакам да соопштам дека челниците на Влазнија предвреме го раскинаа договорот кој ми истекуваше до крајот на сезоната. Ова за мене е неочекуван потег, но јас и мојот помошник Башким Ливорека со кренати глави заминување од клубот“ истакна покрај другото Османи.
Интересно е тоа што на местото на Ќато, на клупата на Влазнија седна Томас Брдариќ, исто така некогашен стратег на Шкендија.