Познати се судиите за 29.коло во нашата елитна лига кое е на програмата во недела. На мечот кој се игра во Турново меѓу Брера и Вардар правдата ќе ја дели Александар Ставрев од Скопје. Јован Качевски од Струга ќе го суди мечот Воска – Брегалница, додека Александар Грујоски од Кичево ќе му суди на шампионот на средбата со Силекс.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 29.КОЛО – НЕДЕЛА (16 Ч)
Брера – Вардар: Александар Ставрев (Скопје)
Воска – Брегалница: Јован Качевски (Струга)
Работнички – Македонија ЃП: Марјан Младеновски (Скопје)
Струга ТЛ – Силекс: Александар Грујоски (Кичево)
Шкупи – Тиквеш: Димитар Пилешков (Штип)
Шкендија – Гостивар: Игор Иванов (Велес)