Филаделфија го победи Њујорк Никс со 125:114 и ја намали негативата на 1:2 во серијата од првото коло од плеј-офот на Источната конференција на НБА лигата. Најзаслужен за славјето на 76-те беше Џоел Ембид, но и во текот на натпреварот се истакна со неспортски потег.
Актуелниот МВП на лигата на третиот натпревар против Никс постигна дури 50 поени и имаше осум скока. Во првиот застана на 29, а во вториот на 34. Сепак, она што се зборува по средбата, го направи при една одбранбена акција.
Ембид се обиде да изнуди прекршок на противникот во нападот и падна на подот под кошот. Во продолжението на акцијата, Робинсон се обиде да дојде до офанзивен скок, а во тој момент Ембид ги завитка рацете околу неговите нозе. Робинсон падна. Следуваше гужва на теренот, при што Ембид се втурна во лицето на Робинсон и му порача: Што ќе направиш!?
Joel Embiid intentionally tries to injure Mitchell Robinson 😳pic.twitter.com/aCwMtlxJ1e
— NBACentel (@TheNBACentel) April 26, 2024