Подолго време три гиганти се “тепаа“ за Чаби Алонсо, стратегот кој со Баер Леверкузен има фантастична сезона, и тоа Баерн Минхен, Ливерпул, па и Реал Мадрид. Сепак Баскиецот одлучи да остане на клупата на новиот шампион на Германија и во наредната сезона.
Инаку Ули Хенес, главниот во Баерн Минхен открива каков господин е Чаби Алонсо, имено тој откри како течел разговорот меѓу него и Чаби за тоа дали ќе дојде во Минхен:
„Алонсо лично ми кажа: `Направивме чудо, многу момци дојдоа поради мене и сега не е момент јас да ги напуштам сега`“ тоа било тоа НЕ на Баерн Минхен. Секако дека ова е гоподски потег на Алонсо.
Инаку Ули Хенес откри и што му кажала неговата сопруга за Чаби:
“Мојата сопруга веднаш кажа: `Ако има карактер нема да дојде, ако рече ДА, тогаш нема карактер и таков тренер не е за Баерн`. И да знаете дека е во право“ посочи Хенес.