Кари е годинешниот добитник на наградата „Џери Вест“

71

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари е добитник на овосезонската награда „Џери Вест“, која му се доделува на играчот кој бил најдобар во клучните моменти од натпреварите во НБА.

Наградата „Џери Вест“ за најдобриот играч во последните пет минути од натпреварите во кои резултатот е до разлика од пет поени, беше воведена минатата сезона, а Кари е втор добитник, по кошаркарот на Сакраменто Кингс, Де’Арон Фокс.

Кари во изборот добил вкупно 298 поени, пред Демар Дерозан од Чикаго Булс, и Шаи Гилџес-Александер од Оклахома Сити Тандер.

Претходно“Комити“ најавуваат спектакуларно навивање вечерва за Бобан, кој ќе атакува на светската титула во К1 ВАКО Про!
СледноКуртоа подготвен за кам-бек: Се чувствувам одлично!