Костадинов асистент, Пјаст победува! (ВИДЕО)

102

Уште една добра партија на нашиот репрезентативец Тихомир Костадинов за својот Пјаст. Имено попладнево во меч од 30.коло во елитната лига Полска, Пјаст со 2:0 успеа да слави над Варта Познањ. Костадинов беше стартер, а во 43.минута Македонецоит убаво му асистираше на стрелецот на голот Вилчек за 1:0. Во 83.минута Македонецот го напушти теренот, а во 89.минута Томашиевич ги постави конечните 2:0.Image

Се разбира дека ова се добри вести за селекторот Милевски. Имено од Костадинов кој долго време беше надвор од репрезентацијата поради повреда, се очекува да биде еден од клучните играчи во линијата за врска во наредниот период.

ПретходноБолоња не го дава Мота, сопственикот му понудил нов двегодишен договор
СледноУли Хенес открива каков господин е Чаби Алонсо!