Македонскиот младински репрезентативец Алекс Запончек, денеска и официјално го потпиша својот прв професионален договор со неговиот клуб Ексцелсиор.
По одличните настапи во изминатиот период, за У15 , У16 но и У17 тимот, менаџментот на клубот, сосема логично одлучи младиот дефанзивец да го „врзе“ со професионален договор, пракса која што се практикува за сите талентирани и перспективни фудбалери.
Запончек секако дека е иднината на Ексцелсиор, но за нас уште поважно дека е иднина и за нашиот нациоинален тим. Тој е дел од У17 репрезентацијата на Македонија во моментов која што пролетва ќе има мечеви против селекцијата на Словачка.
Алекс Запончек инаку е момче кое што е родено во Холандија, но има Македонски пасош и со гордост го носи дресот на нашата држава.